Повторно преку пракса на 500 лица ќе им се отвори можност за вработување
Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување ќе ја продолжат мерката за практична обука на околу 500 лица кои ќе имаат можност да стекнат работно искуство, а потоа и да добијат шанса за трајно вработување во компаниите кои ќе учествуваат во проектот.
Обезбеден е буџет во износ од 9 милиони и 450 илјади денари, за вкупно финансирање на вкупно 500 млади лица за мерката практиканство, посочија министерот Спасов и директорот на АВРМ Влатко Поповски. Огласот е објавен и ќе трае 20 дена, а ако има поголем интерес постои можност и да се продолжи.