Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаУтре почнува 13-от Job Fair на БЕСТ: Ако барате работа или пракса задолжително посетете го

Утре почнува 13-от Job Fair на БЕСТ: Ако барате работа или пракса задолжително посетете го

Утре почнува тринаесеттото издание на саемот за вработување и кариера – Job Fairкој го организира БЕСТ, Бордот на европските студенти по техноологија. Ако барате работа или пракса, Ве советваме да го посетите саемот на БЕСТ и да го оставите своето CV.

Job Fair е организиран од страна на БЕСТ Скопје со цел да оствари контакт помеѓу Вас студентите и компаниите кои во иднина можат да бидат Вашите работодавци. На настанот ќе можете да присуствувате и на најразлични обуки и презентации, да разговарате со претставниците на едни од водечките компании во Македонија како и да добиете повеќе информации за студентски пракси, стипендии и за потребниот работен кадар.
best
Затоа не двоумете се и оставете CV, кое станува дел од базата достапна за компаниите учеснички на саемот. Job Fair Ве носи чекор поблиску до Вашата кариера. Можеби Вашата следна работа или пракса е токму тука.

03.04 – Официјално отворање
04.04 – 05.04 – IT компании (Технички кампус)
06.04 – 07.04 – Технички компании (Технички кампус)
10.04 – 11.04 – Градежни и архитектонски компании (ГФ/АФ)

За повеќе информации погледнете ја официјалната страна www.jobfair.org.mk, како и Фејсбук страницата.