Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУапсени жени во Иран кои постирале слики на Инстаграм без марама на главата

Уапсени жени во Иран кои постирале слики на Инстаграм без марама на главата

Властите на Иран уапсиле осум девојки поради нивното „неисламско“ фотографирање за социјалната мрежа Инстаграм.

Ова е резултат на спроведената акција наречена „Spider2″ која се одвивала во изминативе 2 години, чија таргет цел биле жените и девојките кои ја покажувае својата коса додека позирале за социјалните мрежи. Досега се идентификувани повеќе од 170 популарни профили на Инстаграм на ирански жени каде што објавувале свои фотографии или кратки видеа со туторијали за шминка и фризура. Против нив, веќе се покренати кривични постапки.