Делови од Србија под снег, земјоделците во паника
Променливото време во Македонија е неспоредливо со невремето кое зафати делови од Црна Гора, како и од Србија каде неколку помали градови и населени места се завејани од снег. Во повеќе општини во Западна Србија меѓу кои Ивањица и Пријепоље, се уништени овошни насади и штетите во земјоделието може да бидат големи доколку продолжат неповолните временски прилики за средината на мај.
Најпогодени се одгледувачите на малини кои за српските медиуми загрижено изјавуваат дека стравуваат за својата единствена егзистенција бидејќи голем дел од насадите се речиси целосно уништени.