Видео: Застрашувачка тепачка со мигрантите во Париз
Во близина на париската метро станица Стаљинград, единицата за разбивање на демонстрации морала да интервенира по конфликтот на мигрантите и група на „одмазници“. На оваа станица во тешки услови живеат неколку илјади мигранти.
Инцидентот започнал кога група „одмазници“ почнала да ги тепа со метални шипки и дрвени мотики, а насилството кулминирало кога истите почнале да ги гаѓаат мигрантите кои поголемиот дел се од Африка и Блискиот Исток.
Полицијата неможејки да ги раздели користела солзавец, а уапсен е и пијан маж за кој се смета дека го започнал нередот.
Инаку, најмалку 4 мигранти се повредени во конфликтот.