Tuesday, Apr 30, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманСупер вкусно: Тестенини во сос од вотка и домати

Супер вкусно: Тестенини во сос од вотка и домати

Ако сте љубители на испробување нови вкусови во овие пријатни пролетни денови, тогаш со задоволство ви препорачуваме да ги подготвите овие вкусни тестенини.

Потребни состојки:
* 1 лажичка босилек
* 4 чешниња лук
* 1 шолја сечкани печурки
* ½ шолја сечкан кромид
* ½ лажичка оригано
* 1 мала конзерва домати
* Варени макарони
* 1 лажица црвен пипер
* ¾ лажичка сол
* 1 лажичка маслиново масло
* ½ шолја хопла
* 1 шолја пармезан
* ¾ шолја вотка
pasta18
Начин на подготовка:
Во тавче запржете ги кромидот и лукот заедно со маслиновото масло додека кромидот убаво не омекне. Додадете ги доматите, вотката, црвената пиперка, босилекот и ориганото. Откако сосот ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете 10 минути да се динста на тивок оган. Потоа додадете ги печурките и оставете ја тавата уште десетина минути на тивок оган додека печурките не омекнат.

Во ова додадете ја хоплата и убаво промешајте за сите состојки да направат една целина. Насолете и на крајот ставете ги варените макарони. Послужете додека е топло, така што од горе ќе ставите од ренданиот пармезан.