Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманОсвежително и вкусно: Тарт со свежи праски

Освежително и вкусно: Тарт со свежи праски

Освежителен, летен десерт за чија подготовка ќе ви требаат околу 30-тина минути. Одличен во комбинација со кафе или чај.

Потребни состојки:
* 1 готово лиснато тесто
* 3 големи праски
* 1 јајце
* Шеќер во прав
* 1 лажица лимонов сок

domasen tart praski2

Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Исечкајте ги праските и измешајте ги со сокот од лимон во мал сад. Ставете го лиснатото врз хартија за печење. Полека и нежно направете рабови на тестото како за пица, на оддалеченост од околу 2,5 cm од краевите навнатре, но внимавајте да не го исечето тестото. Поминете ја целата внатрешност на лиснатото со врвот на виљушката со нежно притискање. Изматете го јајцето со две мали лажички вода. Нанесете ја смесата на краевите од лиснатото тесто.

Печете во загреана рерна, од 15-17 минути, односно додека тартот не добие златна боја. Откако ќе се олади, посипете со шеќер во прав. Пријатен апетит.