Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманУтринска идила: Турско кафе со кардамом

Утринска идила: Турско кафе со кардамом

Дајте му посебен вкус на вашиот омилен будилник, утринското турско кафе, и додајте кардамом

Потребни состојки:
* 230 милилитри вода
* 1 лажица турско кафе
* 1/8 лажица кардамом
* Шеќер (по избор)

Начин на подготовка:
Сипете ја водата и шеќерот во ѓезве и почекајте да зовријат, па тргнете ги од оган и додајте го кафето и кардамомот. Вратете го ѓезвето на оган и повторно почекајте да зоврие. Откако кафето ќе почне да пени, тргнете го настрана и почекајте неколку секунди да се смири. Потоа сипете го во шолја и дозволете му да отстои неколку минути за талогот да се спушти на дното.