14 години затвор за убиецот на Ангел Петковски
14 години затвор за Насер Ештрефи обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски од скопската населба Ѓорче Петров. Пресудата судот ја донесе доцна попладнево по целодневното изнесување на завршните зборови на обвинителството и на одбраната.
Според обвинителството, обвинетиот го сторил делото со умисла и бараше максимална казна, додека одбраната тврди дека станува збор за нужна одбрана, односно дека Ештрефи реагирал бидејќи бил нападнат од Ангел и неговиот татко.
Убиството се случи лани во мај кога Ештрефи се обидел да му украде велосипед на Ангел по што тој со татко му се стрчале да го фатат. Се случила тепачка во која Ангел смртно бил погоден во срцето со нож со сечиво долго 14 сантиметри. Ножот со којшто беше убиен Ангел сé уште не е најден. И таткото на Ангел, Сашо Петковски, и обвинетиот тврдат дека со себе не носеле нож.