Џихадисти од Сирија продаваат оружје преку Facebook
Џихадисти од Сирија го користат Facebook како маркет за купување и продажба на американско оружје и муниција. Страната на Facebook наречена „ The first weapons market in the Idleb countryside“, покажува фотографии од оружје и други експлозивни средства, каде се повикуваат купувачите да ги контактираат администраторите на страната приватно преку популарната апликација WhatsApp.
Цените на страната за оружјето се движат од 3000 долари па нагоре. Оружјето кое CIA го обезбедила за бунтовничките групи во Ирак и Сирија, кое може да предизвика сериозни закани и последеици исто така било ставено на продажба на оваа страна. Членовите на страната се поврзуваат со разни џихадистички групи, а купувачите исто така може директно преку коментар да побараат некое конкретно оружје.
Страната сега за сега е исклучена од Facebook, причините за тоа се како што е изјавено од комапнијата, зарадри прекршување на правилата на Facebook.