Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШто ќе кажат ЕУ и САД за изборите ќе почекаме

Што ќе кажат ЕУ и САД за изборите ќе почекаме

Политичките партии најверојатно извршиле притисок врз преставниците на Европската Унија и САД да не го објавуваат нивниот извештај за напредокот во политичките преговори кои треба да водат кон организација на регуларни, фер и демократски избори, па наместо денес извештајот и оценката ќе ги почекаме до утре.

Одложувањето според дипломатски извори е сторено за да се направат последни обиди да се постигне компромис помеѓу власта и опозицијата за решавање на политичката криза, наместо од надвор да се диктираат решенија од кои потоа ниту една страна нема целосно да биде задоволна.