Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеКражба во куќа во Скопје

Кражба во куќа во Скопје

Тешка кражба била извшена во текот на вчерашниот ден во интервал од 12 до 17 часот во куќа во Скопје на улица „ Кавалска“ . Кражбата е извшена од непознат сторител кој влегол преку прозорот во куќата на сопстевникот С.М. (42).

Од куќата се украдени вкупно 200.000 денари, 800 евра, 20 швајцарски франци, два мобилни телефона и разновиден златен накит. Разбојникот со кражбата стекнал противправна имотна корист од околу 400.000 денари. Полицијата трага по засега непознатиот сторител.