Правејќи селфи претрпел струен удар на железничка во Велес
14 годишното момче Б.К вчера попладне на железничката станица во Велес невнимавајќи ги допрело жиците за електрично напојување со јачина од 25 илјади волти по што е тешко повредено и итно пренесено во велешката болница, а поради комплицираната состојба испратено е на лекување во Државна болница во Скопје. Тој се качил на товарен вагон сакајќи да направи селфи фотографија, по што го претрпел струјниот удар, а брзо реагирало обезбедувањето на фабриката Фетекс кои го гаселе со апарати со пена.