Охриѓанец приведен во Албанија поради сообраќајна несреќа
Сообраќајната несреќа се случила доцна попладнево на излезот од граничниот премин Ќафасан, на албанско македонската граница,кај Струга, на патот кон Подградец, а во неа учествувал македонски државјанин.
Македонскиот држајанин Фатмир Р. возач од Охрид кој управувал камион со приколка изгубил контрола и удрил во автомобил „пежо“,со албански регистарски таблички, во кое патувале В.Х.(50) и неговата дваесет годишна ќерка Ш.Х.
Возачот на пежото е во критична состојба, а по дадената помош во болницата во Подградец, бил транспортиран на Клиниката за трауматологија во Тирана. Неговата ќерка е вон животна опасност.
Возачот на камионот,Фатмир Р. е приведен во Полицискиот комесаријат во Подградец. Истрагата за причините на сообраќајката е во тек.