Убиен тетовец после кафанска расправија
Убиен е тетовец во Мала речица. Убиството се случило во селска кафеана на улица Љуботенска. Според нашите информации, убиениот и убиецот играле карти по што
започнале жестока расправија што завршила со убиство. Убиецот е познат како Џафо и во моментов се наоѓа во бегство.
Според нашите извори, убиениот бил шофер на поранешниот тетовски градоначалник. Полицијата трага по убиецот.