Нов случај на запленета дрога во Албанија, во стан во Валона пронајдени 128 килограми марихуана
Три лица се уапсени во стан кој служел како база за преработка и чување на дрога. Полицијата од албанскиот приморски град Валона во селото Тревлазер пронашла околу 128 килограми марихуана во моментот на предавање на дрогата на лицето А. З. по кое веќе долго време се трага.
Уапсени се Кочи Муратај(39), Ермал Арапај(24) и Лисјен Арапај(23), а се трага по лицата А.З(45) и А.А.(40). Запленетата марихуана била наменета за нарко пазарот во Италија.