Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХаос во Приштина: Солзавец во парламентот, судири на улица

Хаос во Приштина: Солзавец во парламентот, судири на улица

Хаос во и пред парламентот. Вонредното заседание на косовскиот парламент, кое е прекинато веднаш по почетокот поради активирање на солзавец и употреба на бибер спреј, продолжило по неколку минути во помошна сала, додека пред парламентот полицијата се судрила со демонстрантите, јави приштинската „Коха.нет“.
pristinaАљбин Курти од опозицијата рекол дека прскал со спреј во правец кон премиерот Иса Мустафа и кон владата поради договорот за формирање Заедница на српски општини, пренесува „Коха.нет“, додека пред парламентот дошло до судир на полицијата и демонстрантите кои на полицијата фрлиле црвена боја, на што таа одговорила со солзавец.
pristina1Припадници на опозицијата претходно со солзавец ја прекинаа седницата на собранието на која требаше да биде разгледан нацрт-законот за Буџетот за 2016 година.
– Претседателството на Собранието на Косово одлучи, откако опозицијата повторно фрли солзавец во парламентот, да ја одржи седницата во алтернативен простор – рекол за агенцијата „Бета“ член на претседателството, Славко Симиќ.
pristina3
pristina4