Дизни не смее да го користи гласот на Вилијамс за нов Аладин
Екстравагантниот актер Робин Вилијамс кој пред една година си го одзеде животот по тешка депресија во својот тестамент оставил порака дека забранува 25 години по неговата смрт да се користат било какви гласовни или видео снимки направени за време на проби или неискористени материјали за нови филмови.
Тоа значи дека Дизни ќе мора да се откаже од планот да сними ново продолжение на Аладин каде Робин Вилијамс маестрално го толкуваше Џинот со голем број на шеги, импровизации и додавки од сценариото.
Дизни располага со огромен број на неискористени ленти од Вилијамс, но нема да може да ги репродуцира што сигурно нема да им се допадне и на самите фанови. Од друга страна пак нема кој да го замени Вилијамс бидејќи беше брилијантен комичар.