Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОколу 7.500 бегалци преминаа од Грција во Македонија

Околу 7.500 бегалци преминаа од Грција во Македонија

Околу 7500 бегалци од Грција преминаа во Македонија блиску до градот Идомени во последните 24 часа, беше сооштено денес од страна на Македонската полиција.

Приливот на бегалци и понатаму е во тек, со тоа што уште околу 2.000 бегалци чекаат да ја поминат границата, исто така беше соопштено од страна на полицијата.

Повеќе од стотици илјади луѓе кои бегаат поради војна или сиромаштија, најмногу од Блискиот исток, до сега преминаа од Турција во Грција.

Поголемиот дел од нив се упатуваат кон север, односно кон побогатите држави на Европската Унија, а поради големата бројка на бегалци која пристигна во Европа веќе успеа да предизвика и криза во Европската Унија.