Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСе очекува нов бран мигранти да навлезе во Бугарија

Се очекува нов бран мигранти да навлезе во Бугарија

Документот на Европската гранична агенција Фронтекс наведува дека наскоро се очекува нов бран мигранти кои од Турција ќе навлезат на бугарската територија. Почетокот на приливот се очекува откако ЕУ ќе преземе цврсти мерки за ограничување на сегашниот основен проток низ Западен Балкан.

Извршниот директор на Фронтекс упати писмени соопштение до Европската комисија во кое се вели дека агенцијата ќе обезбеди помош за пограничната полиција на Бугарија.

„По операцијата за зајакнување на контролата со бегалците од Грција, првиот резултат ќе биде тие да се обидат да најдат други надворешни граници на ЕУ: Треба да се создадат и соодветни можности за прием на голем број на луѓе кои ќе бидат блокирани во Грција и Бугарија поради постапките за гранична контрола и азил. Не треба да се дозволи мигрантите во приемните центри да се движат слободно“, стои во соопштението.