Прегазено женско лице кај католичка црква во Скопје
Женско лице било прегазено кај католичка црква во Скопје, кое според информациите кои сеуште не се официјално потврдени поминувало по коловозот на место каде немало обележан пешачки премин.
Повреденото лице веднаш било префрлено во болница, а сеуште не се знае сериозноста на здобиените повреди. Лицето било удрено од возило ,,Фиат Уно” со Скопски регистерски таблички.