Иванов изрази сочуство за трагедијата во Турција
Претседателот Ѓорге Иванов упати писмо до неговиот колега Реџеп Таип Ердоган со кое изразува жалење за денешната трагедија откако експлодира бомба на мирен протест во Анкара на кој се повикуваше прекин на насилството меѓу воените сили и Курдските сепаратисти. Иванов изрази сочуство во името на македонскиот народ и се упатува осуда на терористичките напади.