Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеФасадата на Владата доби нови скулптури

Фасадата на Владата доби нови скулптури

Седум нови скулптури се појавија на фасадата на Владата. Поставени се мајка со дете, две скулптури на жени, три на мажи, а меѓу нив стои скулптура на лав.

Поставувањето на скулптурите е дел од проектот за менување на фасадата на владината зграда. Реновирањето на зградата на Владата почна во април 2013 година. Градежните работи ги изведува фирмата “Бауер”, која за 9,2 милиона евра треба да ја реконструира фасадата во барок стил.