Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУште едно тело на дете исфрлено на брегот – агонијата не престанува

Уште едно тело на дете исфрлено на брегот – агонијата не престанува

Уште една трагедија со дете. Тело на новороденче е пронајдено на брегот на грчкиот остров Агатониси, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на локалната крајбрежна стража. Момченцето е однесено во болница во блискиот остров Самос, каде лекарите само ја констатирале неговата смрт. Неговите родители дошле до бреговите на Агатониси од Турција со брод.

Светот оваа недела го трогна фотографијата на телото на тригодишното Сиријче исфрлено од водите на турскиот брег. Сликата на удавеното дете предизвика невидена реакција на глобално ниво.

Според грчките власти, од почетокот на годината во земјата пристигнале повеќе од 230 илјади мигранти. Протокот на имигранти се зголеми нагло во последните два месеци. Тие минуваат низ пет острови – во Лезбос пристигнуваат половина од мигрантите, во Кос 28 отсто, во Хиос 14 отсто, во Самос 12 отсто, а мал дел од мигрантите пристигнуваат во Лерос. Бранот од имигранти ја погоди економијата на островите – нагло падна туризмот.

Од почетокот на 2015 година на територијата на ЕУ пристигнаа околу 350 илјади мигранти.