Tuesday, Apr 30, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисШарапова го откажа учеството на ЈУ-ЕС Опен поради повреда

Шарапова го откажа учеството на ЈУ-ЕС Опен поради повреда

Руската тенисерка Марија Шарапова, која беше една од главните фаворитки, го откажа учеството од претстојниот гренд слем турнир ЈУ-ЕС Опен поради повреда на десната нога. Повредата ја заработи во полуфиналето на Вимблдон и оттогаш нема настап на ниту еден тениски турнир.

“За жал, нема да бидам во можност оваа сезона да се натпреварувам на ЈУ-ЕС Опен. Дадов се од себе, навреме да се опоравам од повредата, но не успеав. Се надевам дека многу брзо ќе се вратам на тениските терени и ќе бидам подготвена за азиската турнеја и им благодарам на фановите за поддршката” – соопшти Шарапова.

Ова е вторпат во последните три години Шарапова да не настапи на ЈУ-ЕС Опен.