Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГолем удар за Барса, Енрике остана без дефанзивец ден пред средбата со Атлетико!

Голем удар за Барса, Енрике остана без дефанзивец ден пред средбата со Атлетико!

Барса ослабена ќе го пречека Атлетико Мадрид. Самуел Умтити денес заработи повреда на медијалните лигаменти и ќе мора да паузира, но не е познато колку долго. Иако не е во прашање потешка повреда, Умтити сигурно го пропушта дербито со Атлетико, а прашање е дали ќе биде подготвен и за гостувањата во Хихон и Менхенгладбах кои следуваат наредната седмица.

Инаку, Умтити го исфрли Хавиер Маскерано од првиот тим и е еден од најдобрите фудбалери на Барселона од почетокот на новата сезона. Аргентинецот најверојатно ќе го преземе неговото место во стартниот состав со Пике. Натпреварот Барселона-Атлетико е на програма во среда од 22 часот.