Специјалисти за бегање од договор, нема специјален обвинител
Преговарачките групи на најголемите политички партии се уште не дошле до договор за избор и назначување на специјален обвинител чиј мандат ќе биде вршење истрага околу случаите кои се поврзани со прислушкуваните разговори.
Од СДСМ сега излегоа со демант дека изборот на специјалниот обвинител нема да биде од редовните обвинители како што лиферуваа повеќе медиуми, бидејќи тој треба да биде целосно независен и автономен во својата работа.
На разговорите како олеснувачи присуствуваа странските експерти Ванхојт, поранешниот ирски обвинител Џејмс Хамилтон и американскиот обвинител за организиран криминал и корупција Џон О`Саливен, но и тие не помогнаа во постигнување договор кој ќе се бара во сабота.