Во Крушево денеска почнува Предевропско првенство во змејарство
Во Крушево денеска започнува 19-то Предевропско првенство во змејарство во организација на Воздухопловната федерација на Македонија и клубот „Крос Кантри“ од Охрид. Првенството ќе трае до 23 август, со над 80 претставници од речиси сите евrопски држави, а Македонија ќе биде претставена со двајца пилоти на змај.
Во последните години Крушево секое лето го посетуваат околу 600 пилоти на змај. Со својата местоположба Крушево стана едно од најдобрите места во Европа за организирање на натпревари во параглајдерство и змајарство. Кришево е познато и по Светскиот куп во параглајдерство, Пред европско во параглајдерство, Крушево опен.