Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВеќе 7 дена гори Бушава планина во Крушево

Веќе 7 дена гори Бушава планина во Крушево

Веќе седум дена гори Бушава планина во Крушево, на местото викано Мусица, откако на 19 декември во 19 часот, било јавено дека е забележан оган.

Во почетокот била запалена сува трева, папрат и ниски смреки, но пожарот се проширил на букова шума. Вработените во шумското стопанство „Липа“ од Крушево, единици на противпоражната и локалната самоуправа во Крушево како и граѓани, се излезени на терен и се справуваат со пожарот, но поради големиот фронт на опожарување не се во состојба брзо да се справат со истиот.

По добиеното барање од градоначалникот на Крушево, вчера, Дирекцијата за заштита и спасување изврши мобилизација на тимови за брз одговор од општините Битола и Прилеп како и вработени во истите подрачни одделенија. Вработените во Дирекцијата за заштита и спасување на терен ја следат состојбата и во случај да е потребно ќе бидат ангажирани дополнителни сили како и авионите за гасење на пожари на Дирекцијата за заштита и спасување.