Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроника9-Годишно дете нападнато од куче во Катланово

9-Годишно дете нападнато од куче во Катланово

Деветгодишно дете од Катланово завршило на Инфективна откако вчера било каснато од куче. Поради сериозноста на повеќето повреди, лекарите го задржале на болничко лекување.

Од таму соопштија дека изминатите три дена имале уште 7 прегледи на лица нападнати од кучиња, и сите биле амбулантски третирани, а на месечно ниво изјавија дека имаат стотина вакви случаи кои добиваат терапија против беснило.

По трагичниот случај во кичевско Бачишта кога четиригодишниот Џеваир почина откако беше растргнат од овчарски кучиња и повреденото дете во Неготино, од ветеринарни служби информираа дека ги изолирале кучињата и дека сé уште се под надзор.