Saturday, Apr 27, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и Историја8 причини зашто не било лесно да си Спартанец

8 причини зашто не било лесно да си Спартанец

Можеби спартанците развиле една од најјаките воени сили низ историјата, но нивната култура била толку строга што зборот ”спартан” постанал синоним за суровост.

1. Спартанците морале физички да се докажуваат како деца. Сите деца што биле родени со деформација или пак едноставно физички слаби биле ”исфрлени” од Спарта за да се борат сами за својот опстанок. Причина за тоа била дека тие не биле способни да ги исполнуваат своите обврски кој војската.

2. Децата биле школувани во воено едукативен стил. Спартанските деца уште од својта 7 година започнувале со физички и воени вежби. Кога ке наполнеле 12 години биле ”ослободени” од целата облека и им бил доделувана црвена наметка. Тие морале да преноќуваат надвор од своите домови правејки си свој импровизиран кревет.

3. Борењето и тепањето меѓу децата било охрабрувано. Покрај читање, пишување, реторика и поезија, спартанските деца биле потикнувани да се тепаат меѓу себе, биле изгладнувани, оставени во студ се со цел да се добие совршен воин кој нема да осеќа болка,студ,глад.

4. Сите спартански мажи морале да бидат војници. Сите мажи од својата 7-ма година до својата 60-та година морале да бидат дел од спартанската војска. Според спартанските закони мажите не смееле да одберат друга окупација.

1225

5. Младите спартанци биле ритуално камшикувани. Најбруталните тренинзи на децата во спарта биле кога се случувал ”натпреварот во издржливост” во кој децата биле камшикувани понекогаш и до смрт.

6. Специјални диети за новите војници. Спартанците кога ке наполнеле 21 година им била изрекувана специјална диета за да бидат максимално фит, тие за време на оваа диета тие биле учени како да се биде ”дебел” е грев и дека ”дебелите” луѓе војници ќе бидат исфрлени од Спарта.

7. Спартанците не смееле да живеат со своите жени се до 30 годишна возраст. Спартанците не спречувале романса, меѓутоа во нивниот закон стои дека мажите смеат да се венчаат на 30 годишна возраст додека жените на 20.

8. Предавење во битка им бил најголемиот срам. Војниците морале да се борат до последен здив и последен човек. Предавањето во битка бил најголемиот Спартански срам. На предавниците спартанците им оставале неиспишани гробници, додека на мажите што погинале во битка или пак жените што починале на пораѓај им бил испишан гробот.