Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет„Зоро“ предизвикал паника на аеродром во Лос Анџелес

„Зоро“ предизвикал паника на аеродром во Лос Анџелес

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека немало никакво пукање во Меѓународниот аеродром во тој град, наведувајќи дека патниците ги вознемирил маж кој бил облечен како Зоро, кој набргу бил уапсен од страна на аеродромската полиција. Патниците побегнале во паника откако слушнале „филтриран, пригушен звук“, на прометниот аеродром.

Како што порано пренесоа медиумите, делови од аеродромот во Лос Анџелес за пристигнување и заминување на патниците биле затворени откако полицијата соопштила дека ги истражува деталите од инцидентот. Полицијата на „Твитер“ соопштила дека паниката ја предизивикало младо момче облечено во костимот на суперхеројот „Зоро“, за кого велат дека се уште не се сигурни која била неговата цел.

ZORO 2