Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЗика вирусот многу поопасен од првичните прогнози

Зика вирусот многу поопасен од првичните прогнози

Здравствените власти на САД излегоа со нова проценка според која заканата од Зика вирусот е многу поопасна од првичните анализи со можност за глобална епидемија во текот на летото низ Северна Америка, Европа и Азија бидејќи доаѓаат летните одмори и ќе се зголемува бројот на луѓе кои ќе патуваат низ светот.

Обама издвои 1.9 милијарди долари државни пари за справување со потенцијалната епидемија, а од Центарот за заразни болести посочуваат дека мора да бидат подготвени на најлошото сценарио. Објавени се и предупредувања до жените да не патуваат во опасните подрачја на Латинска Америка доколку планираат принова во брзо време бидејќи вирусот се шири и преку сексуален контакт.