Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЖичницата на Водно ќе се доградува

Жичницата на Водно ќе се доградува

Жичницата на Водно ќе се доградува и до крајот на оваа или почетокот на следната година ќе биде распишан тендерот за вториот дел кој ќе ја поврзе северната страна на планината.

„Сега сме во разговори со компаниите за да видиме колку е нивниот интерес присутен и дали би се нафатила некоја од тие компании за да можеме да распишеме тендер. Министерството го завршува инфраструктурниот проект што е потребен за добивање одобрение за градење, рече Мисајловски на денешната трибина „Инфраструктурна експанзија во Македонија“, што се одржа во организација на Институтот Павел Шатев.