Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Зафатен сум имам настан

Груевски: Зафатен сум имам настан

Екс премиерот Никола Груевски, а сега и лидер на опозицијата, ги води последните активности на терен поврзани со техничката влада, чии министри поставени од ВМРО-ДПМНЕ и натаму му реферираат на „лидерот“ иако тој нема никаква официјална функција за промоција на владините проекти. На „отворањето“ на новата заграда наменета за Министерството за транспорт и врски, Владо Мисајловски му реферираше на Груевски како оди напредокот на градежните активности и што е сработено.

18575369_10210649113278830_2132323861_o

Актуелниот лидер на опозицијата Груевски беше прашан од новинарите дали е свесен дека веќе не е премиер а отвора зграда на министерство и дали ќе ја препушти челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ?

– Оставете ме сега, зафатен сум имам настан, кратко им одговори Груевски на новинарите.