Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЖерновски подготвен да го руши ВМРО

Жерновски подготвен да го руши ВМРО

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски вели дека е подготвен да го сруши бесправно изградениот балкон на новата зграда во која ќе биде сместено седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а исто така ќе има и простории за деловни субјекти. По извршената втора контрола од оштинските инспектори исто така се потврдило дека дел од градбата излегува од предвидената дозвола.

zernovski1

„Не се работи за никаков политички реваншизам, туку се работи за спроведување на закон. Ако е законски тогаш е се во ред, ако не е законски, тогаш ние ќе интервенираме. Тоа не е настрешница, тоа е балкон. Прашање на време е кога ќе се издаде решението за уривање, по што, се надевам, со асистенција на полицијата тоа ќе го сториме“, изјави Жерновски за Телма.

Од владејачката партија се уште нема официјална реакција, а претходно тврдеа дека се е легално и дека Жерновски е деструктивен градоначалник без проекти и идеи.