Sunday, May 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЗејн Малик сними песна за новото продолжение „Ghostbusters“

Зејн Малик сними песна за новото продолжение „Ghostbusters“

Поранешниот член на групата “One Direction” снимил песна за новата верзија на филмскиот хит „Ghostbusters“. Се работи за песната „wHo“ која беше најавувана веќе некое време. Зејн Малик инаку има полни раце работа изминатите денови, во однос на тоа дека неговиот албум „Mind of Mine“ и понатаму е доста актуелен, а тука се и настапите и гостувањата во емисии.

Оваа недела покрај песната за „Ghostbusters“, Зејн објави и друга песна под назив „Cruel“, а судејќи според првите реакции се чини дека 23-годишниот Британец го има новиот летен хит.