Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗасегнати страни расправаа за тоа дали е потребна изградба на „Бошков мост“ и „Луково поле“

Засегнати страни расправаа за тоа дали е потребна изградба на „Бошков мост“ и „Луково поле“

На 21 октомври 2015 година се одржа јавна расправа по однос на прашањето поврзано со изградбата на енергетските капацитети „Бошков мост“ и „Луково поле“ во близина на Националниот парк Маврово. На расправата соодветни чинители, активисти и новинари расправаа за тоа кои би биле еколошките, но и економските последиците од можната изградба на овие објекти, како и перцепциите на надлежните, месното население и централната власт по однос на ова прашање.

За време на расправата беше преставена и новинарската истражувачка сторија под наслов „ Дилеми по однос на животната средина поврзани со изградбата на    енергетските капацитети „Бошков мост“ и „Луково поле“ во Националниот парк Маврово и нивното влијание врз намалувањето на шумскиот фонд“. Сторијата можете да ја преземете тука.