Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗаработила милиони на 19 години, банкротирала, пак се вратила на врвот

Заработила милиони на 19 години, банкротирала, пак се вратила на врвот

Џесика Мах е една од девојките во IT индустријата која го доби епитетот женскиот Марк Закерберг бидејќи на само 19 години со нејзината стартап компанија inDinero заработила неколку милиони долари, па потоа се соочила со банкрот и целосно затворање, за само по неколку години да се врати на врвот со целосна нова услуга.

Мах започнала со програмирање на 8 години, на 15 години го напуштила средното училиште и земала часови по компјутерски науки на факултетот Беркли за потоа на 19 година да ја формира првата компанија. Нејзиниот проблем на почетокот било несогласувањето со малиот број на колеги и високите трошоци, а малите приходи за да се одржи inDinero.

Откако се соочила со целосен неуспех решила да ја реогранизира компанијата со нејзиниот бизнис партнер Енду Су и решиле да одат на терапија за парови иако не биле во романтична врска. Преку овие брачни советувања нашле начин како да функционираат заедно и да не се расправаат. Следниот чекор бил воведување на целосна услуга за пресметка на финансиските трошоци и даноци преку inDinero за клиентите кои плаќале цел пакет, наместо само да го користат бесплатниот софтвер.