Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски преку Фејсбук информира за нови инвестиции

Груевски преку Фејсбук информира за нови инвестиции

Свеж капитал и нов инвеститор со нови амбиции, нови планови, нови развојни капацитети и поголем број вработувања во компанијата Бонум, најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ преку својот профил на Фејсбук најави две нови инвестиции. Холандска компанија ќе внесе свеж капитал во „Бонум“ македонска компанија која некогаш беше прилично успешна, а сега е во стечај.

– На Македонскиот пазар влегува компанијата Agricorp Invest, дел од Monaco Resource Group која е меѓународна групација присутна во други 25 земји со повеќе бизниси од областа на земјоделието, металите и миниралите, енергијата и финансискиот сектор. Компанијата Agricorp Invest го откупи мнозинскиот пакет во компанијата Бонум, фабрика за производство на пакувани печурки и преработка на земјоделски производи. Се работи за браунфилд инвестиција која треба да придонесе со околу стотина нови работни места, објави Груевски.

Во земјоделството се очекува инвестиција од уште една странска компанија која ќе биде откриени во наредниот период.