Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСеавус Инкубатор стартува програма за нови бизниси

Сеавус Инкубатор стартува програма за нови бизниси

Сеавус Инкубатор го отвори повикот за пријавување на стартапи, тимови или претприемачи кои работат во областа на информационите технологии за првата пре-акцелераторска програма во Македонија.

Програмата ќе се одвива во текот на осум недели и има за цел да обезбедат вештини и знаење кои ќе им помогнат на стартапите да направат прототип, да лансираат производ на пазарот или да го финансираат својот бизнис. Како ментори се јавуваат менаџери и експерти од Сеавус, но и интернационални експерти и докажани професионалци во својата област.

Пред-акцелераторската програма е целосно ко-финансирана од Сеавус и проектот ИМЕ, имеплементира од Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус и токму затоа ќе биде бесплатна за избраните учесници.

Покрај тоа, обезбедено е финансирање на најдобрите идеи, при што стартапите ќе можат добијат средства за дополнителен развој на својот бизнис.

Сите заинтересирани може да аплицираат на веб страната на Сеавус Инкубаторот: http://www.seavusincubator.com/pre-accelerator-program-2016/

Како партнери во програмата се вклучуваат Girls in Tech кои се залагаат за еднаква застапеност на девојки и жени во ИТ, СТАРТАП ЗОНА кои им помагаат на младите во развојот на бизнис, SEEUTechPark, Brainster, АИЕСЕК, Солвео како и многу други организации кои подржуваат развој на претприемниештвото во Македнија.