Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЗапознајте го новиот Спајдермен

Запознајте го новиот Спајдермен

Sony имаше големи проблеми со второто продолжение на The Amazing Spiderman кое беше вистински хаос со лошо сценарио и реализација и моќниот супер херој конечно ќе се врати дома во студиото Marvel каде припаѓа и каде има филмаџии кои ќе знаат како да го внесат во светот на сите херои предводени од The Avengers. За жал пропаста на Sony значеше дека повеќе нема да го видиме Ендрју Гарфилд кој беше единствена светла точка, па сега е редно време да го запознаеме новиот Спајдермен.

Spider-Man-Actor-Tom-Holland

Marvel како и претходно направи храбра одлука за избор на соодветен актер кој ќе треба да го толкува тинејџерот Питер Паркер кој ќе се претвори во херојот Спајдермен. Одбран е младиот актер Том Холанд, 19 годишен британец кој се појави претходно во The Impossible, How I live now и ТВ серијата Wolf Hall.
Изборот на Холанд навистина соодвествува со реалната ворзарст на Питер Паркер и има голем потенцијал да стане новиот ученик на омилениот Тони Старк, ексцентричен мултимилијардер кој го носи оклопот на Iron Man.

Засега нема потврда дали Том Холанд ќе биде дел од мега спектаклот Iron Man vs Captain America: Civil War, како што налагаат стриповите во кои Спајдермен е во средина на големиот судир на хероите или пак ќе се појави во сосема нов филм како дел од филмскиот универзум на Marvel.

Дел од фановите се задоволни, а други пак се разочарани бидејќи улогата не ја доби Ејса Батерфилд, па што мислите вие дали младиот британец има потенцијал да стане нов филмски херој.