Tuesday, Apr 16, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмОскаровката Бри Ларсон ќе биде новата Captain Marvel

Оскаровката Бри Ларсон ќе биде новата Captain Marvel

Продуцентот Кевин Фајги најверојатно ја одбрал актерката и оскаровка Бри Ларсон за улогата на Captain Marvel, првата херојка од студиото на Marvel која ќе има самостоен филм, но подоцна ќе им се придружи и на останатите Авенџери.

Ларсон стекна слава со неодамнешниот филм „Собата“ со моќна изведба и можеби токму затоа е одбрана да го оживее ликот на Captain Marvel на големото платно. Режисерка на филмот најверојатно ќе биде Џенифер Кент која воодушеви со психолошкиот хорор за една мајка „Бабадук“.