Friday, May 10, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев за РСЕ: Што побргу има правосилни пресуди, толку побрзо ќе има и бројчаник на Триумфална

Заев за РСЕ: Што побргу има правосилни пресуди, толку побрзо ќе има и бројчаник на Триумфална

Зоран Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа говореше за приоритетите на СДСМ и на него како премиер доколку успеат да формираат влада до крајот на овој месец. Новата влада ќе се фокусира на реформи во судството со целосен реизбор, итни мерки за граѓаните како укинување на радиодифузната такса и воведување евтина струја, но и сериозна борба со криминалот и корупцијата, па затоа нема да помине долго пред да биде поставен и симболичниот бројчаник на Триумфалната порта во Скопје на кој ќе се означува колку пари се вратени кај народот.

– Колку побргу правосудните органи донесат правосилни пресуди, толку побрзо ќе дојде и бројчаникот, заради тоа што законите во Македонија постојат, конфискацијата на имотот е врзана со докажување на криминално стекнати пари, законите и денеска во Македонија се така. Јас очекувам ефикасни, чесни и независни судски пресуди,коишто ќе се однесуваат за мене, за социјалдемократите, за сите во Македонија, согласно тоа кога ќе биде утврдена дека некој украл пари, дека на незаконски начин го стекнал капиталот или парите, по закон тоа се конфискува. Штом ќе биде првото враќање во буџетот бројчаникот ќе се појави на Триумфалната капија, рече Заев за РСЕ.