Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Секој ден имам средби со Ахмети

Заев: Секој ден имам средби со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека секој ден се среќаваат со лидерите на партиите од парламентарното мнозинство со цел да се договорат дали да се вклучат во дебатата или да продолжат со молкот.

– Внимателно работиме на следните чекори за деблокирање на Собранието, избор на претседател, а потоа и мирен трансфер и гледаме да не направиме нешто што ќе му оди во корист на политичкиот противник, рече Заев.

Лидерот на СДСМ потврди дека за кратко време ќе се избере собраниски спикер и дека мораат да бидат внимателни за да не се предизвикаат инциденти.