Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Секогаш кога СЈО ќе отвори случај, ОЈО отвора контра случај за мене

Заев: Секогаш кога СЈО ќе отвори случај, ОЈО отвора контра случај за мене

Заврши распитот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во Основното јавно обвинителство. Тој во обвинителството се задржа половина час и соопшти дека бил повикан за случај што го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал за незаконско финансирање на изборната кампања за изборите во декември 2016 година.

Денеска на Заев му биле претставени сомневањата кои што ги има обвинителството под раководство на Марко Зврлевски, а во среда одбраната ќе изврши увид во доказите.

-Се појавивме во Основното јавно обвинителство за да ја докажеме нашата невиност. Финансиите за изборите се јавно објавени и можеме да служиме за пример како една политичка партија треба да раководи со финансиите, изјави Заев, додавајќи дека секогаш кога СЈО ќе отвори некаков случај против функционери од актуелната власт, тој е таргет на ОЈО.

Заев во судот дојде со неговиот адвокат, а освен лидерот на СДСМ денеска во обвинителството не беше повикан друг член од партијата.