Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика(ВИДЕО) Заев: План за излез од кризата во два чекори без уцени

(ВИДЕО) Заев: План за излез од кризата во два чекори без уцени

Потврдување на уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство од страна на Уставниот суд и ослободување и запирање на прогонот врз учесниците во протестите, се двата чекора што се содржани во планот на СДСМ за излез од кризата.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес-конференција објавувајќи го планот за излез од кризата рече дека овие два чекора мора да се исполнат до 18 јуни.

– Само ако се исполнат овие два чекора, договорот од Пржино може да преживее. За излез од длабоката политичка криза итно е потребно да се обезбеди владеењето на правото и исполнување на сите услови за слободни, фер, демократски и кредибилни избори и формирање на Владата која ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер, демократски и кредибилни избори, рече Заев.

Тој уште јавно му се обрати на претседателот Ѓорге Иванов: „Ако постои уставна и законска можност веднаш да ја укине аболицијата од пред осум години за случајот „Глобал“, бидејќи тој случај постои само во главата на Никола Груевски“, рече претседателот на опозицијата, Зоран Заев.