Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Нема да се скријат зад маските, ќе одговараат за животите кои сакаа да ги одземат

Заев: Нема да се скријат зад маските, ќе одговараат за животите кои сакаа да ги одземат

Зоран Заев на новинарско прашање на денешната прес конференција дали има претстави кои се лицата со маски кои ги нападнаа граѓаните и новинарите во Собранието посочи дека нема да останат скриени и ќе одговараат за своите постапки.

zaev sdsm4

Тој посочи дека станува збор за организиран и смислен обид за убиство врз него, како и пратениците од мнозинството. Лицата со маски дел се криминалци, дел се полицајци, веќе се знае кои се тие, но не можат да се скријат, ќе одговараат за нападите, рече Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев исто така посочи дека наскоро ќе биде формирана новата влада.

– Насилството не е резултат на лути поединци, туку на остатоци на режимот кој врши насилство во земјата. Во периодот што следува мора да покажеме дека сме зрели како луѓе и држава, да застанеме зад вистинските демократски вредности. Не смее да потпаднеме на провокациите, да останеме мирни и присебни, сите вработени во институциите да ги разберат нивните должности. Ќе ја водам оваа земја затоа што верувам во се за што се залагаме. Направен е првиот чекор, имаме работа со пресметливи луѓе, зад нас се САД, ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница, во нас го гледаат напредокот и мирот во Република Македонија. Ќе ја формираме реформската влада која ќе донесе подобра и демократска иднина на земјата, изјави Заев.