Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев најави задолжително пензионирање со 64, односно 62 години

Заев најави задолжително пензионирање со 64, односно 62 години

Едно од  главните ветувања на веќе избраниот премиер Зоран Заев, и во предизборието беше намалување на администрацијата за 20%. Многу негодувања има долги години во низа, поради гломазноста и пренатрупаноста на јавната администрацијата. Според  едни податоци, вкупниот број на државната  и јавната  администрација во Македонија изнесува  околу 134.000, додека според други околу 160.000. Како и да е, многумина се согласуваат дека нашата држава има превработеност во јавната администрација.

 

По најавата за намалување на бројот на административците, од страна на Заев, дел од стручната јавност тоа го протолкува како „бркање од работа на администрацијата“. Сепак, првиот модул, кој Заев го најави е редовно пензионирање на тие што остваруваат години за тоа, односно мажите со 64, а жените со 62. Досегашниот Закон, им остава простор и можност, и на мажите и на жените да ја продолжат работата, дури до 67 години. Старо-новиот премиер најави дека во првите 100 дена од новата Влада ќе биде донесен овој закон, и преку него над 10.000 вработени во јавната администрација ќе заминат во пензија. Според информациите, најмногу оваа можност ја користеле вработените во јавната администрација.

 

 

Исклучок на задолжителното старосно пензионирање ќе бидат здравствените работници и универзитетските професори, како специфични и дефицитарни кадри. Сепка, некои стручни лица во оваа фела сметаа дека тоа ќе биде значаен притисок на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој и така од година в година е се позависен од финансирањето на централниот буџет. Нивните аргументи се дека во услови на зголемување на животниот век потребно е можеби и зголемување на старосната граница за пензионирање. Друг дел од јавноста смета дека на ваков начин ќе се даде шанса за вработување на перспективни кадри во услови на висока невработеност кај младите. Сепак се сугерира на посебна внимателност поради финансирањето на државниот фонд.

 

 

Во изминатиот период немаше извештај од меѓународните финансиски институции во кон не беше наведено дека во Македонија е потребно зголемување на староста за пензионирање. Тоа го тврдеа и Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Меѓународниот монетарен фонд тврдеше дека дека со овој модел ќе се олесни притисокот врз Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој се пополнува со буџетски средства.

 

Околу 325.000 граѓани се корисници на пензија кај нас, а ланио од ПИОМ се исплатиле 915 милиони евра за пензии. Тој број ќе ја надмине и цифрата од една милијарда. Постојано,  од буџетот на Македонија се префрлаат од 200-300 милиони евра во Пензиоскиот фонд, како покривање на  „дупката“ во фондот, која постои со децении наназад. И до ден денеска, на никому не му е јасно, зошто фалат толку огромни и вртоглави суми на пари во ПИОМ, кога таа институција само треба да ги менаџира  ставките за пензија   на вработените граѓани.