Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев на средба со Герет посочи дека нема избори дур не се повлече аболицијата

Заев на средба со Герет посочи дека нема избори дур не се повлече аболицијата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Чарлс Едмунд Гарет. Главен став на партијата е дека опозицијата нема да седне на преговарачка маса со ВМРО-ДПМНЕ се додека целосно не се повлече аболицијата.

– Нема алтернатива за комплетно поништување на аболицијата, соопшти претседателот Заев кој потсети дека ова е принципиелен став и на ЕУ и САД.

На средбата се разговараше и за следните чекори на СДСМ и здружената опозиција кои ги поддржуваат граѓаните кон воспоставување на правниот поредок во Македонија и организирање и спроведување фер и регуларни избори на коишто ќе биде избрана легитимна Влада.